Бернард Чаландес, селекторот на Косово, е на трибините на националната арена „Тодор Проески“ и го следи натпреварот меѓу Македонија и Израел, а посетата е очекувана и логична.
Косово ќе ни биде противник во полуфиналето од плејоф-мечевите за настап на ЕП 2020 година преку Лигата на нациите. Полуфиналето ќе се игра кај нас, и тоа еден нокаут-меч, а иако до март има време, Швајцарецот пристигна во Скопје и ја снима играта на македонската репрезентација.
Косово, како и Македонија, има и втора шанса за настап на ЕП 2020 година, а и на двете селекции им треба победа во меѓусебниот меч што ќе се игра кај нас во март следната година и потоа да слават против Грузија и Белорусија во финалето од Сегментот Д.