Милан гостува кај Верона во обид да го задржи чекорот со градскиот ривал Интер кој е и лидер во Серија А. Росонерите ја имаат фаворитската улога денеска, но сепак не е толку сјајно за Росонерите. Гостите во Верона отпатуваа без речиси половина тим.
Поради најразлични повреди сигурно нема да играат Ибрахимовиќ, Чалханоглу, Ребиќ, Бенасер и Манџукиќ, а денеска се појави шпекулација дека и Тео Ернандес нема да биде во стартниот тим.
Ернандес сигурно е една од најважни алки во играта на Милан, па ако и тој не биде меѓу стартните 11, Милан ќе има навистина тешка задача да ги освои трите бода на ова гостување.
Верона на свој терен нема пораз на последните четири дуели, а во последното коло ремизираше 1:1 со Јувентус.