10.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Во 2014 година стана светски првак со Германија, а сега потпиша за седмолигаш, и тоа на подлога за пиво

Пред малку повеќе од една деценија, Кевин Гроскројц беше дел од репрезентацијата на Германија и тој може да се пофали дека има златен медал освоен од Светското првенство во 2014 година. Освен со Панцерите, Гроскројц имаше одлична кариера и во тимот на Борусија Дортмунд. Со Милионерите освои пет трофеи.

Сепак, неколку години подоцна кариерата нагло му падна. Играше за Штутгарт, потоа за Дармштат, па во 2018 година потпиша за нисколигашот Урденгер. Иако има 37 години, Гроскројц не планира да се повлече, па сега потпиша договор со екипата на ТуС Ајхлингхофен, која се натпреварува во седмата лига во Германија. Седмолигашот на социјалните мрежи се пофали со својот нов играч.

„Рибата избра ново езерце до крајот на сезоната 2026/2027!“, напишаа тие покрај видеото во кое 37-годишниот играч влегува во просториите на клубот и се потпишува на подлога за пиво. На крајот од видеото, тој позира во дресот на клубот од југозападниот дел на Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести