Во 2014 година професорка од него очекувала да заврши во затвор, а тој заигра во НБА и стана МВП на финале!

Џејлен Браун е изненадувачки прогласен за најкорисен играч во финалето на НБА. Тој ја доби довербата пред соиграчот Џејсон Тејтум и го доби признанието кое се вика „Бил Расел“, во чест на човекот кој го прослави Бостон селтикс со 11 освоени титули.

Браун во финалето имаше просек од 20,8 поени, 5,4 скока и 5 асистенции по меч, на вториот и третиот меч, кои беа клучни, тој беше главен фактор за победите на Бостон.

Браун не ја пропушти приликата да потсети на една негова објава на „Твитер“ од пред десет години. Тој во април 2014 година напиша: „Мојата професорка рече дека за пет години ќе ме побара во затвор“.

Во 2019 година, пет години потоа, Браун, кој тогаш веќе беше НБА-играч, потсети дека професорката згрешила.

Неговиот твит стана хит и утрово, на една деценија по објавата и лошата проценка на професорката која во него гледала криминалец. Животот е борба и докажување, Браун е позитивен пример за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести