Модерниот фудбал може да биде многу суров, а тоа најдобро го почувствува украинскиот клуб Днипро. Тоа е клубот кој во 2015 година играше во финалето на Европската лига, но не го освои трофејот, откако со 2:3 загуби од Севилја. На патот до финалето, Днипро тогаш елиминираше екипи од калибарот на Ајакс, Бриж и Наполи.
Во финалето, Днипро имаше и водство со голот на Никола Калиниќ, но подоцна Севилја направи пресврт и поведе со 2:1. Со погодокот на Ротан, Украинците изрманија на 2:2, но погодокот на Карлос Бака во 73 минута беше доволно за победа на Севилја од 3:2.
По овој голем успех на Днипро, се случи неверојатен пад и голема финансиска криза. Играчите и тренерите не можеа да си ги добијат заработените пари. Поради финансиските проблеми, во сезоната 2016/17 беа исфрлени во втората украинска лига, а ако до крајот на денот, Днипро не поднесе барање за играње во аматерската лига, многу лесно може да се случи овој клуб со традиција долга 101 година, едноставно да згасне.
https://twitter.com/DonetskWay2012/status/1146111834388385792