Во 2015 година испаднаа од Ла Лига поради финансиска криза, а вчера со гол во 96-тата минута се вратија во елитата (видео)

Елче по пауза од пет години, повторно ќе биде дел од шпанската Ла Лига по вчерашната победа со минимални 1-0 над Жирона во финалето од разигрувањата. Драматичната пресметка во Жирона им припадна на гостите со погодок длабоко во судиското надополнување.

Мила погоди во 96-тата минута, што беше доволно за избраниците на Рохо Мартин да обезбедат враќање во елитата.

Во период од пет години, Елче испадна во втората шпанска лига поради финансиска криза, иако во сезоната 2014/15 заврши на 13-тото место во Ла Лига, а само две години подоцна претрпи пад до третото по ранг фудбалско натпреварување во Шпанија.

https://www.youtube.com/watch?v=XY0N3lIuM2Q

- Оглас -

Најнови вести