5.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Во 2018 година Барселона за него плати 160 милиони евра, а сега остана без клуб

Бразилскиот клуб Васко де Гама официјално ја потврди разделбата со Филипе Кутињо. Бразилскиот играч од средниот ред по меѓусебна согласност го раскина договорот кој требаше да истече кон средината на годината.

Според клубот, иницијативата за предвремено раскинување ја презел самиот играч. Одлуката е донесена по неговиот последен натпревар, во кој навивачите го исвиркаа. По неговата замена на полувремето, Кутињо не седна на клупата, туку директно замина кон соблекувалната.

„По транспарентен дијалог, страните постигнаа меѓусебно прифатлив договор за раскинување на договорот. Како дипломец на академијата, откако помина низ сите нивоа на младинскиот систем на Васко, Кутињо отсекогаш останал верен на духот на овој клуб во текот на целата своја кариера во светскиот фудбал. Враќајќи се во тимот каде што ја започна својата кариера, тој покажа професионализам, посветеност и длабоко почитување кон клубот, оддавајќи му почит на дресот на Васко во секој момент од неговиот престој на теренот“, се вели во официјалното соопштение на Васко де Гама.

Кутињо кој има 33 години, кариерата ја започна токму во Васко де Гама а потоа замина во Европа каде играше за Еспањол, Ливерпул, Барселона, Баерн Минхен и Астон вила. Тој го држи и третиот најскап трансфер во историјата на фудбалот откако во 2018 година за 180 милиони евра од Ливерпул замина во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести