Во 2018 година имало над 16.000 трансфери и расход од шест милијарди евра

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави извештајот за трансферите на фудбалерите во 2018 година. Според ФИФА, минатата година се реализирани дури 16.633 трансфери, што е за 5,6 отсто повеќе од претходната 2017 година. Расходите за тие трансфери достигнаа над шест милијарди евра, односно точно 6.123.280.000 евра. Оваа сума е за 10,3 отсто поголема од таа во 2017 година.

Во трансферите учествувале 14.186 фудбалери дури од 175 држави. Вкупно 3.974 клубови од целиот свет учествувале во договори на играчи, а дури 31 клуб направиле трансфери кои биле вредни повеќе од 50 милиони евра. Очекувано, најголемите расходи ги прават клубовите од топ 5 лигите во Европа (Англија, Германија, Шпанија, Италија, Франција). Таму се направени дури четири милијарди евра од расходите, што е над 70 отсто од целиот расход во светски рамки.

Англиските клубови се рекордери со околу 1,7 милијарди евра расходи, а потоа следуваат шпанските клубови со милијарда евра расходи, па италијанските со 848 милиони евра, германските со 485 милиони евра и француските со 469 милиони евра расходи. Надвор од Европа, најголеми расходи има направено Кина со околу 150 милиони евра.

Една од најактивните земји во трансферите е Бразил. Најфудбалската земја учествувала со 251 клуб во трансферите. Потоа следуваат Германија со 141 трансфер, Шпанија (124) и Англија (120 клубови).

Најзначаен трансфер во 2018 година е заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус за сума од 117 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести