Во 2021 година ги победија четири пати, сега е на ред петта победа

3010 Торино – Удинезе (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои освоија по 14 бода во досегашните 12 кола. Двете екипи немаат ништо спектакуларно во офанзивните редови, а и традицијата вели дека кога играат меѓу себе, нема многу погодоци.

На шест од последните седум дуели на овие две екипи немало повеќе од два гола, а дури четирипати било и со 0-1 погодок, што значи дека само една ситуација може да го реши победникот.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.13)

 

1609 Рајо Валјекано – Мајорка (21 ч.)

Рајо е најдобрата екипа на домашен терен сезонава во Шпанија. Во шест меча, Рајо има пет победи и едно реми, а македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски прими само два гола пред домашните фанови.

Мајорка се специјализира за нерешени резултати и има четири ремија во низа. Рајо дома ќе оди на освојувње на трите бода, што ќе биде тешко, но, секако, не е невозожно.

Предлог тип: 1 (2.05) – квота од Супер тип во Sport Life

 

2806 Сондерјиске – Алборг (19 ч.)

Сондерјиске во 15 кола претрпе 10 порази и јасно е дека е еден од главните претенденти за испаѓање од данското првенство. Алборг годинава потврди дека има многу подобар тим од денешниот ривал, па во четирите меча што ги одиграа во 2021 година имаат четири победи (4:0, 0:4, 3:2, 1:0).

И вечерва се очекува победа на гостите за да се потврди доминацијата во дуелите со Сондерјиске.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

2843 Волунтари – Динамо Букурешт (19:30 ч.)

Волунтари важи за тим кој освојува бодови на свој терен, каде што игра цврсто и не им дозволува на противниците да се разиграат. Динамо Букурешт и не е некој опасен ривал ако се знае дека моментно е на претпоследното место на табелата само со осум бода од 15 меча.

Домаќините треба да победат во меч на кој не би требало да има повеќе од три гола затоа што на 12 од последните 13 меѓусебни дуели немало над три погодоци.

Предлог тип: 1&0-3 (2.65)

 

1321 Сарагоса – Леганес (21 ч.)

Ако некоја екипа е екпсерт за нерешени, тоа е Сарагоса, која во 16 кола досега, дури 10 пати одигра без победник. Леганес е во зоната за испаѓање само со три победи.

Леганес има одлични спомени од последното гостување кај Сарагоса, откако во мај оваа година победи со убедливи 5:0. Тешко дека сега ќе се повтори тој резултат и ова треба да биде меч со малку погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.81)

 

- Оглас -

Најнови вести