Во 21-ви век само еден играч добил Златна топка во година кога освоил ЕП, Родри ќе биде вториот

Доколку вечерва Родри ја добие „Златната топка“ за најдобар фудбалер, а сите најави се дека ќе се случи тоа, тој ќе биде само вториот во 21-ви век кој го добил ова индивидуално признание во година во кој освоил Европско првенство.

Токму титулата на ЕП е можеби и клучниот плус за Шпанецот што добил толку многу гласови, повеќе и од Винисиус кој беше најдобар во Лигата на шампионите, а во минатото континенталната титула не се ценеше толку многу.

Кристијано Роналдо во 2016 година е единствениот во 21-ви век, барем до вечерва, кој добил „Златна топка“ во година во која станал европски првак со својата репрезентација. Во таа 2016-та, Роналдо ја освои и Лигата на шампионите, па убедливо ја освои „Златната топка“. Во 2000, 2004, 2008, 2012 и 2021 година кога имаше европски првенства, „Златната топка“ одеше кај фудбалер кој таа година не освоил ЕП.

- Оглас -

Најнови вести