Во 90+8 минута голман постигна погодок со „ножички“ и го спаси неговиот тим од пораз (Видео)

Сандру Арувијано е голман на холандскиот четвртолигаш УОУ и од апсолутен анонимус, со еден потег и стана познат во светската фудбалска јавност. На меч од аматерското првенство во четвртата лига на Холандија, голманот стана херој на својот тим благодарение на погодокот кој го постигна во осмата минута од судиското надополнување.

Тимот на Арувијано губеше со 2:1, па голманот реши да тргне во напад и не згреши. Не само што даде гол за израмнување, голманот тоа го направи на фантастичен начин бидејќи погодокот што го постигна беше со „ножички“.

Атрактивниот погодок на голманот во 90+8 минута може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести