Во 96 минута примија гол на нефер начин, па тренерот реши да ја повлече екипата (Видео)

Секој фудбалски меч е приказна за себе, а некои дуели се посебно за памтење по некоја несекојдневна ситуација. Една таква ситуација се случи во Индија, на меч од четвртфиналето во плејофот за титулата.

Бенгалуру со 1:0 го победи Керала бластерс, во меч кој не го дочека официјалниот финиш. По регуларните 90 минути немаше погодоци и мораше да се играат продолженија од 30 минути.

Во 96 минута беше досуден слободен удар за домашниот тим, а додека противничките играчи се подготвуваа да наместат жив ѕид, Сунил Четри изненадно шутираше и погоди во празната мрежа.

Гостинските фудбалери негодуваа, а нивниот тренер Србинот Иван Вукомановиќ реши да ја повлече екипата и да не го доигра мечот. Судијата кој го призна сомнителниот погодок, почека гостите да се вратат на теренот, но откако тоа не се случи, реши да отсвири крај на сребата.

https://twitter.com/i/status/1631923310261829633

- Оглас -

Најнови вести