Мо Салах од оваа позиција би погодил без сомнежи, меѓутоа шутот на Египќанецот заврши во горниот дел од трибините. Ливерпул наместо да поведе со 2-0 против Барнли, не ја искористи златната шанса, по што следуваше казна на другата страна.
Џеј Родригес израмни на 1-1 на дваесетина минути до крајот на мечот кој се игра на „Енфилд“.