Во Абердин ликуваат: Миовски е врвен голгетер

Бојан Миовски игра фантастично во дресот на Абердин каде што пристигна летово. Македонскиот репрезентативец со пет погодоци е на второто место на листата на стрелци во Шкотска.

За тоа како игра Миовски, говори и директорот на фудбалот на овој тим, Стивен Ган.

„Миовски е врвен голгетер, тој прави интелигентни влегувања во противничкиот простор, а најдобар доказ за тоа е вториот гол против Сент Мирен.

Имавме одличен преоден рок, еден од најдобрите во историјата и се надевам дека резултатите ќе бидат исто така одлични“ изјави Ган.

Абердин денеска од 16 часот му гостува на Рос Каунти во меч од шестото коло од шкотскиот Премиершип.

- Оглас -

Најнови вести