Во Абердин немаат дилеми, Миовски вреди многу повеќе од 1,8 милиони евра

Шкотскиот премиерлигаш Абердин нема намера лесно да се откаже од македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и во зимскиот преоден рок одбил понуда од турски тим.

Шкотските медиуми објавија дека управата на Абердин, во јануари одбиле 1,8 милиони евра, колку што понудил турскиот гигант Бешикташ за услугите на Миовски.

Турскиот тим нудел и процент од идниот трансфер на Миовски, но во Абердин без размислување ја одбиле понудата бидејќи сметаат дека Миовски вреди многу повеќе од 1,8 милиони евра.

Бојан Миовски минатото лето потпиша за шкотскиот тим и има фантастична сезона, тој е прв стрелец на екипата со 15 постигнати голови и вкупно трет најдобар стрелец во шкотската Премиер лига.

- Оглас -

Најнови вести