Почнаа квалификациите за настап на Африканскиот куп на нациите, а како што обично е пракса во Африка, домашниот терен е вистински бедем, што денеска го проби само Гамбија.
Предводени од двојниот стрелец Асан Цесај, кој е играч на швајцарскиот Цирих, Гамбијците славеа во Ангола со 3:1. На сите останати мечеви домаќините или победија или одиграа нерешено.
Вистинско изненадување приредија Зелено’ртските Острови со реми без голови во Јаунде. Ист беше резултатот на мечот меѓу Буркина Фасо и Уганда, а бод си освои и Лесото на гостувањето во Сиера Леоне, во меч што заврши 1:1.
На останатите 7 дуели славеа домаќините, од нив најубедливо Судан со 4:0 против Сао Томе и Принсипе.
Резултати: Малави – Јужен Судан 1:0, Централноафриканска Република – Бурунди 2:0, Гвинеа Бисау – Есватини 3:0, Намибија – Чад 2:1, Нигерија – Бенин 2:1, Сиера Леоне – Лесото 1:1, Ангола – Гамбија 1:3, Буркина Фасо – Уганда 0:0, Сенегал – Конго 2:0, Судан – Сао Томе и Принсипе 4:0.