Во Ајакс беше ѕвезда, во Барселона не го „рецкаат“ (Видео)

Барселона летово плати 75 милиони евра за доведување на младиот играч за врска од Ајакс, Френки де Јонг. Уште пред да заврши сезоната беше познато дека Де Јонг ќе го облече дресот на Барселона. Тоа е играчот од кого челниците на Барселона очекуваат да биде носител на играта во следните 10-тина години. Едноставно на Барселона му е потребно да се најде играч кој ќе го продолжи тоа што го правеа Чави, Иниеста, а сега Ракитиќ.

Сепак, стартот на Де Јонг во Барселона не е како што посакуваше Холанѓанецот. Де Јонг беше научен да биде вистинскиот креатор и носител на играта во Ајакс, но очигледно дека во Барселона засега не е така. Едно видео од компилација на пријателските мечеви кои ги одигра досеба Барселона, покажува како Де Јонг едноставно е незадоволен од своите соиграчи кои делуваат како да го „бојкотираат“.

 

- Оглас -

Најнови вести