Во Ајакс ниту еден играч нема 100 настапи за првиот тим (Фото)

Холандскиот гигант Ајакс во светот на фудбалот важи за тим кој ја има најдобрата фудбалска академија на светот од која секоја година излегуваат екстра талентирани играчи кои и како тинејџери добиваат шанса во првиот тим.

Сезонава најдобар доказ дека тимот ќе се потпре на талентите е бидејќи фудбалерот со најдолг стаж во првиот тим сè уште нема одиграно ниту 100 меча.

Изминатото лето беше бурно за Ајакс, си заминаа играчи како Мохамед Кудус (Вест хем), Јуриен Тимбер (Арсенал), Дејви Класен (Интер), Душан Тадиќ (Фенербахче), Мартен Штекеленбург (пензија), Едсон Алварес (Вест хем), кои имаа повеќе од 100 настапи за првиот тим и сезонава тренерот Морис Стејн како играч со најголем стаж во клубот го има 20-годишниот Девин Ренш.

Ренш досега за првиот тим на Ајакс одиграл само 97 натпревари.


Управата не спиеше во летниот преоден рок и донесе неколку квалитетни засилувања, како Јосип Шутало, Гастон Авиља, Микаутадзе, Акпом, Борна Соса, Бенјамин Тахировиќ, Антон Гаеи.

- Оглас -

Најнови вести