Во Америка се тресат обложувачите – Мечките од Мемфис почнаа со пораз во плејофот, а на нив масовно се уплаќаше со највисок процент во историјата на НБА

Минесота тимбервулфс ги разочара обложувачите во Америка и победи во првиот меч од плејофот во НБА-лигата против Мемфис гризлис на гостински терен со 130:117.

Обложувалницата „БетМгм“, која функционира само на подрачјето на САД и мал дел од Канада, објави дека дури 94 отсто од влоговите на плејоф-серијата меѓу Мемфис и Минесота се уплатени на конечна победа на Мечките.

Тоа е најголем процент на уплата на еден тим во плејоф-серија во НБА откако постои обложувалницата „БетМгм“.

Обложувачите кои во огромен процент се обложуваа дека Мемфис ќе оди понатаму во плејоф-серијата со Минесота сè уште се во игра, но сега Мечките, кои губат со 0:1, немаат веќе предност од еден меч повеќе на свој терен во серијата што може да трае максимум 7 меча.

Минесота ако успее да ги добие сите три дуели на свој терен, ќе се пласира во второто коло во плјофот во Западната конфенција во НБА,откако го доби првиот меч на гости.

Вториот меч повторно се игра во Мемфис, задутре од 02.30 часот, а победник во серијата од првото плејоф-коло ќе биде екипата што прва ќе стигне до четири победи во максимум 7 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести