ПСВ го надигра холандскиот првак Ајакс среде Амстредрам во голеадата од 5-3, за одбрана на трофејот во Суперкупот. Тимот од Ајндховен го подобри рекордот во ова натпреварување на 13 трофеи, благодарение на хет-трик херојот Гус Тил.
Три гола паднаа уште во првото полувреме од дербито кое се играше на „Јохан Кројф арената“. Бервајн отвори за Копјаниците во 15-тата минута, но Тил изрежира пресврт пред самиот финиш на полувремето.
Ајакс се врати брзо во игра со голот на Ентони во 54-тата минута, по што следуваше нов фуриозен налет на ПСВ преку Гакпо и Тил по третпат на мечот, за 4-2 по 70 минути игра. Кудус набрзо потоа ја намали негативата на еден гол, но сепак Ајакс по искчувањето на Басеј, со 10 фудбалери не можеше потполно да се врати во игра. Конечните 5-3 ги постави во судиското надополнување.