Викендов, односно во сабота сите погледи на светската спортска јавност ќе бидат насочени кон Каталонија и шпанското Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Сепак, фудбалските љубители во Велика Британија нема да имаат можност да го следат дуелот низ директен пренос, пред сè, поради закон кој е донесен уште во 60-тите години на минатиот век.
Закон кој ги штити интересите на англискиот фудбал забранува преноси од какви било странски натпревари во саботите од 14:45 до 17:15 часот по локално време, односно во периодот кога се играат саботните натпревари од Премиер лигата, но и од останатите англиски дивизии.
Дуелот во Барселона се игра во 15:15 часот по британско време и ќе заврши околу 17:15, а тоа значи дека навивачите ќе мора да се снаоѓаат за да го гледаат Ел Класико, кое предизвикува големо интересирање во Велика Британија, пред сè, поради одличните игри на англискиот репрезентативец Џуд Белингам.
Ваквиот закон во Велика Британија ќе биде укинат во 2029 година.