Во Англија и Србија е најтесна трката за титулата, лидерите не смеат да одиграат ниту нерешено

Фудбалските првенства во најголем дел од европските земји се при крај, речиси секаде може да се насетат шампионите за оваа сезона, но во англиската Премиер лига и српската Суперлига неизвесноста може да потрае до последното коло.

Во Англија и во Србија се води мртва трка за првото место и лидерите Манчестер сити, односно Црвена ѕвезда се под голем притисок од конкурентите. Секој евентуален пораз, па дури и нерешено, може да значи губење на титулата. Ниту Ливерпул, кој е втор во Англија, ниту Партизан како предизвикувач во Србија, исто така не смеат да потклекнат и да одиграат нерешено или да загубат.

Во Премиер лигата, која е веројатно најсилна на светот, останаа уште шест кола. Сити му бега на Ливерпул само еден бод.

„Пред нас е клучен месец. Не сме глупави, ако барем еднаш до крајот на сезонава одиграме нерешено, Ливерпул ќе биде шампион. Играчите знаат дека мора да играме како против Брајтон и да ги добиеме сите натпревари“, изјави Пеп Гвардиола.

Во српската Суперлига, Ѕвезда има два бода плус во однос на Партизан и пет кола до крајот во кои чудо би било ако Црвено-белите му го препуштат првото место на вечниот ривал, но никогаш не се знае, тензиите остануваат присутни до крај.

- Оглас -

Најнови вести