Во Англија има нови фудбалски рекордери: Кој ќе ја сопре оваа гол-машина?

Екипата на Фулам синоќа на својот „Кравен Кориџ“ убедливо со 6:2 го победија Бирмингем во меч од 24. коло на Чемпионшип во Англија. Со оваа победа Фулам испиша еден историски резултат во англискиот фудбал.

За прв пат по 68 години, еден тим во втората англиска постигнува најмалку шест погодоци во три првенствени меча по ред. Фулам пред само четири дена исто така победи со 6:2 против Бристол сити, а во првиот меч од 2022 година, на гости кај Ридинг славеше дури со 7:0.

Тоа значи дека само во последните три меча, Фулам постигна вкупно 19 погодоци. Вакво постигнување во втората англиска лига немало уште од февруари далечната 1954 година, кога Евертон успеал три натпревари по ред да постигне 6+ погодоци.

Фулам е лидер во Чемпионшип и веќе по 26 кола има постигнато неверојатни 70 голови, што е просек од 2,7 погодоци на меч во првенството.

- Оглас -

Најнови вести