Вејн Хенеси е во фокусот во Англија, откако се пофали со фотографија на која јасно отпоздравува со познатиот нацистички симбол со високо крената рака.
Коментарите на социјалните мрежи се жестоки, а грото од фудбалските вљубеници го критикуваат потегот на голманот на Кристал Палас и се чудат зошто уште никој во Англија не реагира.
Засега за Хенеси нема санкции ниту од клубот, ниту од Федерацијата, па коментарите се дека некој во Англија намерно замижува и не сака да се справи со проблемот.