Нов хорор во Англија – На навивач му се слоши на трибините, мечот од ФА купот беше прекинат, но сепак заврши (Видео)

Нов хорор со навивач во Англија се случи вечерва, на натпреварот од ФА купот меѓу Дагенхајм и Ред и Салфорд, а мечот беше прекинат откако на симпатизер на домаќините му се слоши на трибините.

Веднаш реагираа медицинските лица, а причината е непозната, иако се шпекулира со нов срцев удар, слично на сценариото што се случи неодамна на премиерлигашкиот меч меѓу Њукасл и Тотенхем, кога тоа се случи на трибините каде што беа сместени навивачите на Њукасл.

https://twitter.com/PaulTay21694369/status/1457828234758967299?s=20

Мечот вечерва беше прекинат во финишот, а откако му беше укажана помош на несреќниот навивач на Даг и Ред, продолжи и заврши со победа на Салфорд од 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести