35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Во Англија се игра меч кој според многумина е позначаен од тој меѓу Сити и Реал, дерби за титулата во Албанија

1012 Мидлсборо – Ковентри (21 ч.)

Голем е влогот на овој меч затоа што победникот ќе обезбеди место во финалето од плејофот за пласман во Премиер лигата. На првиот меч во Ковентри немаше погодоци, а Мидлсборо сега е фаворит.

Традицијата вели дека во последните две години, овие две екипи одиграле пет средби и на сите пет меча немало повеќе од два погодока. По регуларниот дел од 46-те кола во Чемпионшип, Мидлсборо освои 75 бода, а Ковентри 70, па и затоа домаќинот вечерва има поголеми шанси за победа.

Финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата е познат и како највредниот дуел во светот затоа што носи најмногу заработени пари.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.69)

 

3130 ТСЦ Бачка Топола – Црвена ѕвезда (18:30 ч.)

Полуфинале од Купот на Србија, а Црвено-белите од Белград се големи фаворити. Сепак, не треба да се заборави дека ТСЦ е најпријатното изненадување сезонава и не случајно тоа е екипата која е втора на табелата, што значи дека ѝ се насмевнува настап во квалификациите за Лигата на шампионите.

Овие два тима имаат одиграно 12 меча, а дури 11 пати било барем со три погодоци, а на единствениот дуел на кој не било 3+, резултатот бил 1:1. Ова е најава за многу погодоци, без разлика на значењето на дуелот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)

 

1956 Анкарагучу – Анталијаспор (19 ч.)

Двете екипи се во долниот дел од табелата во турското првенство, но се спокојни дека не може да испаднат. На последните четири меча немало повеќе од два погодока. Анталијаспор игра слабо на гости, но и Анкарагучу не е некој посебно опасен домаќин.

Во една ситуација во која двете екипи играат без посебен притисок, може да очекуваме овојпат да има интересен дуел со повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.13)

 

6002 Манчестер сити – Реал Мадрид (21 ч.)

Мора да има победник на овој меч во Манчестер, но прашање е дали тоа ќе биде по регуларните 90 минути, во продолженијата или на пенали. Ова се две екипи кои негуваат офанзивен фудбал и има играчи кои тешко може да ги сопре некоја одбрана. Тоа се потврдува и со резултатите на последните шест нивни меѓусебни дуели, кога секогаш било ГГ3+, па очекуваме оваа низа да продолжи и вечерва.

Предлог тип: ГГ3+ (1.96)

 

3632 Тирана – Партизани (18:30 ч.)

Ова е дерби за титулата во Албанија. Тирана е лидер со 69 бода, а Партизани е втор со два бода помалку. Мечевите во Албанија се карактизираат дека најчесто завршуваат со мал број погодоци, па во едно вакво значајно дерби сигурно нема да има голеада.

Предлог тип: 0-1 (2.95)

- Оглас -

Најнови вести