Екипата на Шефилд вензди испиша негативна историја во англискиот фудбал. Тимот кој е на последното место во Чемпионшип во Англија во понеделникот на свој терен одигра 1:1 против Лестер, во кој Шефилд водеше со 1:0 до 84-тата минута, кога гостите израмнија и средбата заврши без победник.
Со ова реми Шефилд вензди стигна до 36 меча по ред во сите натпреварувања на кои не победил. Со овој скор Шефилд го израмни негативниот рекорд по бројот на средби без победа откако е формирана Фудбалската лига во далечната 1888 година.
Претходно Дерби каунти во периодот од септември 2007 година до август 2008 година нареди 36 натпревари без победа, а сега Шефилд го израмни овој неславен рекорд. Шефилд е во опасност да постави нов апсолутен негативен рекорд доколку не победи на средниот дуел, а тоа е на 11 април, на гости кај лидерот Ковентри.
Последната победа Шефилд вензди ја имаше на 20 септември, и тоа во рамките од шестото коло во првенството на гости кај Портсмут. Од тој меч досега Шефилд има 27 порази, девет нерешени, без ниту една победа.

