Најголемата желба на Флорентино Перес е во Реал Мадрид да го донесе Ерлинг Халанд, но тоа нема да биде лесно, бидејќи напаѓачот има договор со Манчестер сити до 2034 година.
Во медиумите на Островот се појавија шпекулации, кои прв ги изнесе поранешниот спортски директор на Астон вила, Кејт Вајнес, дека норвешкиот репрезентативец и „кралевите“ водат тајно разговори.
Тој тврди дека агентите на Халанд се во постојана комуникација со Флорентино Перес, кој во моментов само се распрашува дали ако испратат понуда, Норвежанецот би прифатил да се пресели во Мадрид.
Сепак, за да се случи ваков трансфер, потребно ќе биде Реал Мадрид да го продаде Винисиус за 200 милиони евра, а дури потоа да тргне по потписот на Ерлинг Халанд.