1110 Ексетер – Свиндон (20 ч.)
Ексетер започна со две победи и два порази во Лига еден, а сега им почнува предизвикот во Лига трофеј купот, каде што за прв ривал го имаат членот на Лига два, Свиндон. Екипата на Свиндон лошо започна и е без победа во првите четири кола и има освоено само два бода.
Овие два тима и лани играа во ова натпреварување, а Ексетер победи со 1:0 на гости. Серија од четири победи по ред има Ексетер со овој ривал, а и сега е фаворит за победа.
Предлог тип: 1&1+второ (1.81)
1106 Лејтон Ориент – Арсенал У21 (20 ч.)
Само пред неколку дена, Лејтон Ориент го изненади Милвол на гости и го победи со 1:0, иако Милвол е дел од Чемпионшип, а победникот е дел од Лига еден. Сега младинскиот тим на Арсенал е следен ривал на Лејтон Ориент, тим кој во првенството започна очајно и ги загуби сите четири средби.
Предлог тип: 1&3+ (2.08)
1111 Линколн – Честерфилд (20 ч.)
Пресметка на третолигаш со четвртолигаш во ЕФЛ трофејот. Линколн нареди три победи во четири дуели во Лига еден, додека Честерфилд е само со една победа во четири дуели во Лига два.
Линколн игра добро, офанзивно, а фактот дека сега е на свој терен и за ривал има екипа од понизок ранг, се очекува триумф на домаќините.
Предлог тип: 1-1 (2.75)
1107 Њупорт – Челтенхам (20 ч.)
Двете екипи добро се познаваат бидејќи се дел од Лига два во Англија. Тие веќе играа еднаш сезонава, и тоа пред неполн месец, кога Челтенхам на свој терен победи со 3:2. Од таа победа, Челтенхам претрпе четири порази по ред.
Њупорт има сосема поинаков тренд. Загуби на стартот од првенството, а потоа нареди три победи. Двете екипи се офанзивни и може да се очекува да има возбудувања.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)
1094 Флитвуд – Астон вила У21 (20 ч.)
Иако Флитвуд е дел од четвртата лига, овој тим е фаворит на свој терен против младинците на Астон вила. Фактот дека домашните фудбалери имаат поголемо искуство и ќе бидат на свој терен, ги прави „на хартија“ да бидат поблиску до триумф.
Предлог тип: 1&2-5 (1.91)