Во Аргентина, публиката на терен фрлаше огромни парчиња мраз

На натпреварот помеѓу Атлетико Тукуман и Тигре, се случи агресија од страна на домашните навивачи, каква што не е видена, барем не во Аргентина. Публиката на терен фрлаше огромни парчиња мраз, па судијата беше приморан да ја прекине средбата во средината на второто полувреме и едно парче го однесе кај делегатот како доказ.

Тигре ја доби првата средба со 5-0, а и синоќа победи со 1-0, па вкупната негатива од 0-6 во полуфиналето на Купот на Суперлигата (во другото полуфинале играат Бока јуниорс и Аргентинос јуниорс) беше многу болна за фановите на Атлетико Тукуман.

- Оглас -

Најнови вести