Екипите на Уракан и Аргентинос јуниорс ќе се сретнат вечерва во 23:00 часот, во рамките на 20-тото коло од аргентинската прва лига.
Интересно е што кога и да се соочат овие две екипи, головите се вистинска реткост, а особено тоа е нагласено во нивните последни пет дуели, каде што има постигнато само два погодоци, а во три наврати играле со непопуларните 0:0.
За повторување на овој резултат, Sport Life нуди квота од 7.50, но интересен е и коефициентот за тоа да видиме максимум еден гол на средбата, кој изнесува 2.60.
За тие, пак, што играат на сигурно, тука е и од нула до два гола, за што ќе добијат квота од 1.52.
Последната нивна средба се одигра во јануари оваа година, каде што исто така Уракан беше домаќин, а конечниот резултат заврши 0:1 во корист на Аргентинос јуниорс.
ПОСЛЕДНИ ПЕТ НАТПРЕВАРИ
Уракан – Аргентинос 0:1
Уракан – Аргентинос 0:0
Уракан – Аргентинос 0:0
Уракан – Аргентинос 1:0
Аргентинос – Уракан 0:0