32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Во Аргентина веќе почнаа да сонуваат ново Суперкласико во Копа Либертадорес

Само уште по една пречка им стои на патот на најголемите аргентински ривали Ривер плејт и Бока јуниорс до нова меѓусебна пресметка во Копа Либертадорес, овојпат во потенцијалното полуфинале.

Лани лутите ривали се сретнаа во големото финале, а годинава тоа не е можно и за еден од овие клубови од Буенос Аирес нема да има место во финалето на јужноамериканската верзија на Лигата на шампионите.

Во четврт-финалето Бока треба да игра со Кито. Еквадорскиот тим нема да биде лесен противник бидејќи Де Роси и другарите ќе треба да гостуваат во град кој е на огромна надморска височина и ќе им треба многу кислород за да го преживеат тој дуел. Ривер, кој е бранител на трофејот, во четврт-финалето ќе се соочи со Серо Портењо од Парагвај.

Првото наредно Суперкласико е закажано за 1 септември, но тоа е лигашки меч. Доколку би играле едни со други во полуфиналето на Либертадорес, тие спектакли би се случувале на 2 и 23 октомври, прво на „Монументал“, па реваншот на „Ла Бомбонера“.

- Оглас -

Најнови вести