-2.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Во Арсенал се подготвени да го срушат клупскиот рекорд за да купат фудбалер на ПСЖ

Арсенал е лидер во англиската Премиер лигата, но раководството на клубот веќе крои планови за иднината и за следниот, летен, преоден рок. Како една од најголемите желби, ако не и најголемата, е 23-годишниот офанзивец на ПСЖ, Бредли Баркола.

Тој има договор со „светците“ до 2028 година, но иако му беше понудено, сепак, не го продолжи договорот, па лесно може да се случи ПСЖ да одлучи да го продаден. Од Арсенал се подготвени да ја платат сумата која ќе ја побараат од актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, а таа може да биде повисока и од клупскиот рекорд од 116 милиони евра кои ги платија за Деклан Рајс.

Баркола пристигна во ПСЖ пред две ипол години од Лион за сума од 45 милиони евра, а неговата вредност во моментов изнесува 70 милиони евра. Сепак, доколку наскоро не го продолжи договорот, „светците“ ќе мора да го продадат, но сумата нема да биде помала од 100 милиони евра, а може да надмине дури и 120 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести