Во Аталанта играат Украинец и Русин, соиграчите откриваат каков е нивниот однос

Аталанта вечерва ја пречекува Сампдорија во меч од италијанската Серија А, а атмосферата во клубот од Бергамо е добра, иако имало напнатост кога Русија воено ја нападна Украина и фудбалерите не знаеле како ќе реагираат нивните соиграчи Руслан Малиновски и Алексеј Миранчук.

Матео Песина откри која била првата реакција на Украинецот Малиновски и Русинот Миранчук кога се сретнале на тренинг по почетокот на војната помеѓу нивните земји.

„Тие се прегрнаа, а потоа и ние го направивме истото и ги гушкавме двајцата. Ќе продолжиме да го правиме тоа во овие тешки времиња, ние сме како големо семејство. Фудбалот го обединува тоа што човечката лудост се обидува да го раздвои“, вели Песина.

Малиновски е активен на социјалните мрежи, споделува линкови за помош на украинската војска и видеа, а кога даде два гола против Олимпијакос во четвртокот, прослави покажувајќи маица на која пишуваше „Не за војна во Украина“.

- Оглас -

Најнови вести