Во Атина како да е воена состојба, вечерва играат АЕК и Динамо

АЕК Атина или Динамо Загреб, една од овие две екипи ќе биде последниот учесник во плеј-оф фазата од квалификациите за Лигата на шампионите. Дуелот помеѓу овие две екипи кој се игра вечерва од 20:45 часот привлекува големо внимание во светската јавност, пред се поради големите инциденти кои се случија минатата недела во кои загина еден навивач на АЕК.

Грчките власти, полицијата и фудбалскиот сојуз, ги преземаат сите неопходни мерки ваквите немили сцени да се повторат. Ангажирани се илјадници полицајци кои ќе ги обезбедуваат фудбалерите на Динамо Загреб, но и воопшто натпреварот, како и населбата Њу Филаделфија каде се наоѓа стадионот на АЕК и каде се случија инцидентите.

Секој кој ќе влезе на стадионот ќе биде контролиран на влезовите, ангажирани се хелихоптери, но и дронови кои ќе снимаат во текот на целиот натпревар и полицијата во живо ќе може да се следи што се случува помеѓу навивачите.

Засилени контроли има и на сите гранични премини кои водат кон Грција, посебно на оние со Албанија, од каде пристигнаа хрватските навивачи минатиот понеделник.

Очекувањата се дека на стадионот ќе има околу 30.000 гледачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести