Атлетико Мадрид лошо започна во групната фаза од Лигата на шампионите и по три кола има само три бода освоени во првото коло. Мадриѓаните потоа загубија од Бенфика со убедливи 4:0, а синоќа на свој терен загубија од Лил со 1:3, па моментално се на 27-мото место на табелата, кое носи елиминација.
Клучен момент на дуелот против Лил беше во 74-тата минута, кога при резултат 1:1 беше досуден пенал за гостите.
Во шеснаесетникот на Атлетико се случи мешаница, а во еден момент Коке во обид да ја исфрли топката, го закачи гостинскиот играч Андреа. Делуваше дека ударот не беше силен, па судијата Мауро Гвида ништо не досуди.
Сепак, потоа реагираа од ВАР-собата, сигнализирајќи дека има услови за пенал за Лил. Судијата ја погледна повторената ситуација и реши да досуди пенал, кој на крајот се покажа како клучен за одлучување на победникот.
Фудбалерите на Атлетико не можеа да веруваат дека беше досуден пенал, а жестоко реагираше и тренерот Диего Симеоне.
Не можам да разберам што досуди, ова е без преседан од ВАР“, изјави фудбалерот на Атлетико, Родриго де Пол, а потоа следуваше реакција и од голманот Јан Облак.
„Не знам, судијата рече дека е рака, но на крајот не знам што свирна. Никој не знае, се надевам дека тој знае што досуди“, изјави Облак по натпреварот. Марка пренесува дека Атлетико поднел официјална жалба до УЕФА за судењето.