Аргентинскиот крилен напаѓач Анхел Кореа синоќа имаше емотивно простување со навивачите на Атлетико Мадрид, капеа и солзи од неговите очи, самиот на „Инстаграм“ објави проштално писмо во кое напиша колку многу му значело играњето за овој клуб изминатите години, но денеска Атлетико објави соопштение кое изненади многумина.
„Денес беше мојот последен домашен натпревар носејќи го овој дрес што толку многу го сакам. Не беше само уште еден ден, туку беше збир на спомени, емоции и благодарност. Благодарност до клубот, до моите соиграчи и до овие неверојатни навивачи кои секогаш ме правеа да се чувствувам како еден од нив. Ќе го прифатам секој аплауз, секоја овација и секој момент во моето срце. Секогаш ќе бидам благодарен за сè што доживеав во Атлетико. Ви благодарам!“, објави Кореа.
Но, во Атлетико не мислат дека ова бил последен меч за Кореа во нивниот дрес. Јорганџиите потсетуваат дека Кореа е нивен играч и дека имаат договор со него до летото 2026 година и може да си замине само ако се плати обесштетување за него. Според Атлетико, досега ниту пристигнала некаква понуда за Кореа, ниту неговите агенти најавиле дека тој сака да си оди.
Има шпекулации дека Кореа би можело да се пресели во аргентинскиот гигант Ривер плејт или во мексиканскиот Тигрес. Но, кој и да сака, ќе мора прво да му плати на Атлетико.