Португалскиот фудбалер Жоао Феликс, се појави на подготовките со Атлетико Мадрид, клубот со кој има договор до 2026 година, но не планира да игра за Јорганџиите.
Феликс во минатата сезона беше позајмен во Челзи, а сега желба му е да го облече дресот на Барселона и отворено си го кажа тоа.
„Барселона секогаш ми била прва опција. Би сакал да играм за Барса, тоа ми е сон уште од детските денови“ – рече Феликс за кого Атлетико плати 126 милиони евра кога го откупи од Бенфика.
После оваа изјава, се јавија од Атлетико и порачаа дека Феликс покажал големо непочитување и непрофесионалност. Од клубот додаваат дека агентот на Феликс точно ги знае условите под кои Феликс може да замине, и немало потреба од вакви работи кои ги сметаат за стратегија на Феликс да биде позајмен или продаден.