-9.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Во август играше за Шкупи против Левски, вечерва го шокираше Галатасарај (Видео)

Поранешниот играч на Шкупи, Реналдо Сефас, на почетокот на минатиот месец играше за Шкупи во еврокуповите против Левски, а потоа направи трансфер во турски Анкарагучу и таму покажува дека заслужува место во турската лига.

Реналдо вечерва даде гол на гостувањето кај првакот Галатасарај и тоа за водство на Анкарагучу од 1-0. Брзо после тоа Галатасарај израмни, сега веќе и води, но кога погоди Реналдо, шокот кај Лавовите од Истанбул беше голем.

https://twitter.com/i/status/1708168181636792524

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести