Во Австралија се појави „новиот Халанд“, ќе игра за Баерн Минхен

На крајот од минатата година, Баерн Минхен го договори трансферот на Нестори Иранкунда, кој има само 18 години. Овој тинејџер настапува за тимот на Аделаида јунајтед, а пред два месеца стана полнолетен, па сега пред него е голем предизвик.

Иако има само 18 години, за Иранкунда ова е трета сезона во сениорскиот фудбал и игра одлично, а тоа го покажува и неговата статистика. Во 58 мечеви има постигнато 15 гола, а има и осум асистенции. Во светскиот фудбал, Нестори Иранкунда го споредуваат со Халанд, кој на иста годишна возраст во тимот на Малме имал биланс од 16 гола и пет асистенции, односно два директни придоноси за гол помалку од билансот на Иранкунда.

Халанд од Малме замина во Салцбург, а потоа играше за Борусија Дортмунд и сега е дел од Манчестер сити. Само на 23 години Халанд може да се пофали со 245 погодоци во сениорскиот фудбал, што го прави еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

Баерн Минхен верува дека Иранкунда ќе биде вистинско засилување за тимот. Го платија 3,4 милиони евра, а интересно е дека овој играч прво сакал да биде стопер и да игра во одбраната. Во Баерн Минхен се задоволни од потписот со тинејџерот кој е роден во Танзанија, а главна карактеристика му е брзината.

Вештините на Иранкунда може да ги видите ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести