28.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Во Баер Леверкузен се среќни што веднаш го избркаа Ерик тен Хаг

Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, вели дека одлуката да му дадат отказ на тренерот Ерик тен Хаг е одлична одлука. Холандскиот стратег доби отказ само по две одиграни кола, што е рекордно најбрзо заминување на еден тренер во историјата на Бундеслигата. Каро вели дека огромна грешка било доведувањето на Тен Хаг, но брзо ја коригирале.

„Ја поправивме грешката што ја направивме кога го назначивме Тен Хаг за тренер. Ерик има свои силни страни, но не беше вистинскиот момент да биде тренер на нашиот тим. Не се погоди. Сега може да кажам дека ова беше наша грешка. Но тоа е нешто што може да се случи. Секој што работи со луѓе го знае тоа. Кога ќе направиш грешка, мора брзо да реагираш да ја поправиш“, вели извршниот директор на Фармацевтите, Фернандо Каро.

Со Тен Хаг на клупата, Баер имаше пораз и реми, а откако тој си замина, Фармацевтите победија во третото коло, и тоа со 3:1 против Ајнтрахт Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести