Во Баерн мислат дека Барселона нема да постои за година-две!

Баерн Минхен не прифаќа Барселона да им плаќа на рати за Роберт Левандовски бидејќи Баварците стравувале дека Барса можеби нема да постои за една до две години.

Ова шокантно тврдење доаѓа од германскиот новинар Рафаел Хонигштајн, кој е близок со раководството на Баерн.

„Баерн порачал дека не сака никакво плаќање на рати, туку Барселона веднаш да ја плати целата сума. Без тоа, нема договор. Во Баерн се плашат дека Барселона за две или три години може воопшто да не постои и дека може да банкротира, па не сакаат да загубат пари и затоа бараат за Левандовски веднаш да се плати цела сума“, напиша Хонигштајн.

Барса сака да го купи Полјакот и Левандовски сака да премине во Барса, но Каталонците треба да платат 50-тина милиони евра, и тоа веднаш, а не на рати како што барал претседателот Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести