11.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Во Баерн не може да се помират дека се елиминирани од тим кој доаѓа од град кој има помалку жители од капацитетот на нивниот стадион

Дека во фудбалот ништо не е невозможно, се покажа и синоќа, во дуелите од Лигата на шампионите. Челзи успеа да го намачи Реал и беше на прагот од изненадување, а тоа изненадување што не се случи во Мадрид, се случи во Минхен. Најтрофејниот германски клуб Баерн е елиминиран од Вилјареал.

Жолтата подморница е тим кој не е ни во Топ 6 во шпанското првенство во моментов на табелата и следната година може воопшто да не игра во Европа, но сега е дел од четирите најдобри на Стариот Континент. Шпанскиот тим во Минхен замина со предност од 1:0 по првиот меч, а синоќа одигра 1:1 и приреди големо изненадување.

Статистиката по мечот вели дека Баерн имал 24 шута кон голот на противникот, дека изведе шест корнери и дека имаше 65 отсто посед на топка, но тоа не беше доволно. Вилјареал со еден единствен шут во рамките на голот на противникот, без ниту еден корнер и само со една третина посед на топка успеа да одигра нерешено.

Тоа што посебно е интересно за овој двобој е дека Вилјареал е градче во Шпанија, кое има едвај 50.000 жители, но успеа да го елиминира гигантот Баерн чиј стадион собира дури 75.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести