Во Баерн се незадоволни и кога тимот победува, а на мета на критики повторно е тренерот Нико Ковач. Баварците вчера ја забележаа и третата победа во три кола во Лигата на шампионите, го надиграа Олимпијакос во Атина, но не изостанаа критиките.
„Полудев гледајќи го мечот. Не бевме добри во ниту еден сегмент и се, баш се треба да промениме“, вели спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
И легендата Карл Хајнц Румениге не е задоволен од стилот на игра и начинот на кој Ковач го води тимот.
„Правиме многу грешки и со вакви игри нема да имаме успеси сезонава. Мора да менуваме нешто“, изјави претседателот на клубот.
Има и незадоволни играчи, а капитенот Мануел Нојер изјави дека посакува што поскоро да го гледа „стариот добар Баерн“.
Германските медиуми повторно шпекулираат дека се бара замена за Ковач, а топ-кандидати според нив се Ралф Рангник и Ерик Тен Хаг.