Макс Верстапен е голем фаворит за победа на денешната трка која ќе се вози во Баку за Големата награда на Азербејџан. Во квалификациите на кои имаше историски најмногу покажано црвено знаме, актуелиот Ф1 првак извозе блескав круг во завршницата и имаше речиси половина секунда побрзо време од сите останати.
Ова ќе биде деветта трка на патеката во Баку, а интересно е дека досега само два пати се случило возачот кој тргнал од пол-позицијата, на крајот да биде и победник. Сепак, овојпат Верстапен ќа има и голема предност од самиот старт, затоа што неговите најголеми ривали потфрлија во квалификациите.
Ландо Норис ќе стартува од седмото место, Оскар Пјастри ќе биде од деветата позиција на стартот, а Шарл Леклер од 10 позиција. Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон е дури 12-ти.
Во Sport Life има преку 100 различни опции за обложување на денешната трка.