Барселона направи голема грешка кога и буквално го избрка Луис Суарес од клубот, а Уругваецот со голови потврдува дека Каталонците ја утнаа работата.
Вечерва набрзина ѝ даде два гола на Селта за пресврт и предност на Атлетико Мадрид од 2:1 по 75 минути игра и е лидер на листата со најдобри стрелци во Ла Лига со 16 погодоци.
Каков мајстор за голови е Уругваецот, покажува и податокот дека во последните 9 сезони откако играше за трите гиганти Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, секогаш ја минувал границата од 15 голови.
https://twitter.com/Squawka/status/1358883321045020674?s=20
И сега е така, а Луис е и прв стрелец во шпанското првенство, пред неодамнешниот соиграч од Барса и голем пријател Лионел Меси, кој постигна 14 голови.
Атлетико Мадрид е блиску до нова победа во Ла Лига, со која ќе ја врати предноста од 10 бода пред Барселона и Реал Мадрид, и тоа со меч помалку.