Во Барса не се среќни што ќе суди човекот кој кога судел Ел Класико секогаш победувал Реал

Изборот Хесус Хил Мансано да биде главен судија на вечерашното финале во Суперкупот на Шпанија помеѓу Реал Мадрид и Барселона, не им беше по мерак на Каталонците.

Тој трипати има судено Ел Класико, во сезоните 2014/2015, 2020/2021 и 2023/2024, и секогаш победувал Реал.

Но, тоа не е единствената причина зошто во Барса не го сакаат овој искусен судија од Екстремадура.

Тој е единствениот арбитар кој им покажал црвени картони на Меси, Нејмар, Суарез, Пике, Дани Алвеш и Левандовски додека играле за Барса.

И статистички тој повеќе успех му носи на Реал отколку на Каталонците. На Блауграна им судел 41 натпревар и Барса има 26 победи (63%), седум нерешени (17%) и осум порази (20). Им покажал 10 црвени картони (0,24 по натпревар) и 101 жолти.

На Кралскиот клуб му судел на 50 натпревари и Реал на тие средби има 39 победи (78%), шест нерешени (12%) и пет порази (10%), пет исклучувања (0,10) и 93 жолти картони.

Сепак ни во Реал не го сакаат овој арбитар. Во сезоната 2020/2021, на мечот со Валенсија на „Месталја“ досуди дури три пенали против Реал, а минатата сезона истотака на гостувањето на Реал кај Валенсија, му поништи гол за победа на Кралскиот клуб, затоа што наводно претходно среде акцијата веќе досудил крај на мечот. Во Реал потсетија и дека Мансано му има поништено три гола на Реал на гостување кај Елче пред две сезони.

- Оглас -

Најнови вести