Во Барса треба да бидат среќни што Баерн стана првак, Ѕвезда и Динамо во третиот шешир во ЛШ (Фото)

Освен навивачите на Баерн Минхен, и во Барселона треба да бидат задоволни што Баварците станаа шампиони во Германија бидејќи со тоа го избегнаа клубот од Минхен како можен ривал во групната фаза од Лигата на шампионите.

Барса во последните сезони редовно налетуваше на Баерн и секогаш губеше, тие им се црна точка, а овојпат нема да се сретнат со нив, барем во групната фаза. И Барса и Баерн како шампиони на своите земји ќе бидат во првиот шешир при ждрепката за групите во ЛШ.

Во вториот шешир има неколку силни тимови и некогашни европки прваци кои ги предводи Реал Мадрид, во третиот се најсилните екс-Ју тимови Црвена ѕвезда и Динамо, но и Милан и Лацио, а од последниот шешир никој нема да сака да му се падне Њукасл. Ждрепката ќе биде на 31 август.

Листата не е дефинитивна, има тмови кои ќе треба да минат едно квалификациско коло, но во моментов шеширите изгледаат вака:

- Оглас -

Најнови вести