Лионел Меси го пропушти денешниот тренинг на Барселона во пресрет на финалето во шпанскиот Суперкуп. Каталонците во недела ќе ги одмерат силите со Атлетик Билбао, а за тој меч се надеваат дека капитенот ќе биде во составот иако денес не тренираше.
Меси претходно го пропушти полуфиналниот дуел против Реал Сосиедад поради недоволна физичка подготвеност, а сега загрижува фактот што денес го пропушти тренингот.
Екипата предводена од Роналд Куман утре ќе отпатува за Севилја каде што ќе се одржи финалето, со надеж дека Меси ќе биде дел од експедицијата.