Во Барселона едногласни: Теренот во Франкфурт беше многу лош

Барселона одигра само 1:1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа. Каталонскиот гигант беше во негатива, но со голот на Феран Торес стигна до 1:1 и сега во реваншот на „Камп ноу“ доволно е да победи со кој било резултат за да се пласира во полуфиналето.

По завршување на синоќешниот дуел, фудбалерите на Барселона беа разочарани од теренот на стадионот во Франкфурт и тоа им е главната причина поради која не победија.

„Игравме на лош терен, каде што тешко можевме да си подаваме“, рече искусниот Серхио Бускетс, а на него се надоврза и Ерик Гарсија, кој рече: „Ако се има предвид каков беше теренот на којшто игравме, резултатот не е лош“.

И стрелецот на голот, Торес, имаше забелешки на теренот, но тој потенцираше дека фудбалерите треба да се снајдат во сите ситуации. „Теренот на којшто игравме не беше во најдобра состојба, но ние сме професионалци и тоа не треба да биде оправдување“, рече Торес.

- Оглас -

Најнови вести